Полувреме: Шкупи со водство на Чаир, мајсторијата на Гандо на Арена, води и Гостивар!(ВИДЕО)

437

Завршија првите полувремиња од петте попладневни средби во рамките на 3.коло во ПМФЛ. На мега – дербито на Чаир, домашниот Шкупи со голот на Гуџуфи има водство од 1:0 против Вардар. Голема битка на теренот, жестоко е, но домашните беа подобри.

Работнички не се шегува и води со 2:0 против Струга ТЛ. Прво Гандо од далечина го совлада Дујмовиќ, за да Аломеровиќ од слободен удар го удвои водството. Голманот на Струга ТЛ не се прослави и во двата случаи.

Со голот на Машике, Гостивар води кај Воска со 0:1. На останатите мечеви, Пелистер – Силекс и Беса – Тиквеш засега нема голови.

ПретходноЛандо Норис победник на холандското ГП, ја прекина доминацијата на Верстапен
СледноЧелзи ги потона „волците“, три гола на Мадуеке, три асистенции на Палмер