Пораз од Грција: Шансите за ЕП ќе ги бараме следното лето (ФОТО)

275

Само еден сет не беше доволен за триумф кој ќе значеше пласман на ЕП 2026. Македонија загуби со 1:3 од Грција во вториот квалификациски меч од групата „Ф“ за место на ЕП и со тоа го одложи евентуалниот пласман на завршницата на уште еден континентален собир.

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 1:3 (25-15, 18-25, 23-25, 20-25)

Извонреден почеток на нашите одбојкари во првиот сет. Со моќен сервис и одличен прием едноставно ги изненадивме Грците и не им дозволивме да ја наметнат својата игра. Во првата фаз аод сетот веќе имавме предност од 4 поени (8:4), а до средината веќе успеавме да направиме недостижно водство (16:7). Сетот мудро го привршивме во наша полза препуштајќи им на гостите само 15 поени.

Јасно беше дека во вториот сет Грција ќе сврти нов лист. Тоа се виде на почетокот кога гостите се одлепија на плус 4 (7:11), а потоа успеаваа да ја одржуваа и зголемуваат разликата. На средина на сетот веќе имаа високи 9:16, а до крајот на истиот ние дојдовме само до 18 освоени поени.

Во третиот сет успеавме комплетно да се вратиме во мечот, но не издржавме до крај. Грците поведоа на почетокот имаа 7:11, а потоа дојдоа и до 12:17. Кога се чинеше дека тешко ќе успееме да се вратиме во игра следуваше фантастичната серија од 6:0 за 17:18. На 21:20 успеавме да дојдеме и до водство, но потоа следуваа три поени во низа за Грција која тука и го реши сетот. До крајот Грција ја освои првата сет-топка за 23:25.

Грција подобро го отвори и четвртиот сет. Поведе и имаше предност од 3-4 поени се до средината на сетот. Ние се обидовме да се вратиме во игра, но Грција имаше многу подобар прием и сигурен напад. Успеавме за момент да се вратиме во финишот, но Грција успеа да го задржи ритамот и стигна до 20:25 со кои дојде до 1:3 за победа во Скопје.

Никола Жоргиев со 25 поени беше најефикасен во нашата репрезентација, Љафтов имаше 15, а Савовски 13 поени. Кај селекцијата на Грција, Мухлиас заврши со 24 поени.

За Македонија следното лето остануваат уште две средби. Дома ќе ја пречекаме Грузија и ќе одиме на гости во Грција.

ПретходноАдеми двоен стрелец: Шкендија си се „прошета“ низ Струмица, па сега е лидер на табелата!
СледноАлисон: Среќен сум во Ливерпул, сакам нов договор