Реал Мадрид е без пораз на 34 последователни натпревари во Ла Лига

276
Foto> Twitter/Real Madrid

Екипата на Реал Мадрид оствари фантастично достигнување со денешната победа против екипата на Реал Ваљадолид.

Имено Реал Мадрид има серија од 34 натпревари без пораз во шпанската Ла Лига. Во 34 натпревари фудбалерите предводени од Карло Анчелоти имаат запишано 25 победи и 9 нерешени меча. Последен пат Реал во домашното првенство загуби на 24-ти Септември 2023 година, на гости кај лутиот ривал Алтетико Мадрид. Предходниот рекорд, го држеше исто така Реал Мадрид, чија екипа тогаш немаше пораз на 30 натпревари.

Во следното коло Реал Мадрид ќе ја пречека екипата на Лас Палмас и ќе се обиде да го продлабочи овој рекорд.

ПретходноМанев со гол во 93. минута и донесе реми на Адана Демирспор (ВИДЕО)
СледноАдеми двоен стрелец: Шкендија си се „прошета“ низ Струмица, па сега е лидер на табелата!