Резервистите на Реал донесоа победа над Ваљадолид

149

Фудбалерите на Реал Мадрид остварија победа во второто коло од шпанската Ла Лига, совладувајќи ја екипата на Реал Ваљадолид со 3:0.

По киксот во првото коло против Мајорка, Реал имаше мотив плус да ја оствари првата победа сезонава пред своите навивачи. Во првото полувреме немаше погодоци, Реал се обидуваше да ја пробие густо поставената одбрана на Ваљадолид, но нивните обиди не вродија со плод. Во вториот дел момците на Карло Анчелоти притиснаа и набрзо стигнаа до прв погодок кој го постигна Федерико Валверде во 50-тата минута. Во 88-та минута Брахим Диаз го реши прашањето на победникот на овој натпревар. Точката на натпреварот ја стави Ендрик со својот деби-погодок за кралскиот клуб.

Претходно“Лавовите“ со триумф и во Куманово!
СледноГоран Станиќ: Победивме силен тим, го победивме шампионот, честитки за играчите на Работнички!