Рома договорила репрезентативец на Саудиска Арабија

91

Италијанската Рома ќе добие десен бек од Саудиска Арабија. 25-годишниот Сауд Абдулхамид ќе биде нов член на „волчицата“ откако клубот од Рим се договорил со Ал Хилал, шампионот на Саудиска Арабија за трансфер на овој фудбалер.
Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо открива дека финансиската шема е 2,5 милиони евра фиксно плус бонуси со кои сумата ќе достигне до 3 милиони евра.
Во понеделник се очекува играчот да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор.
Абдулхамид има 36 настапи за Саудиска Арабија, а освен за Ал Хилал играл и за Ал Итихад.

ПретходноДуплантис повторно „прелета“ светски рекорд
СледноПолувреме: Мируваат мрежите во Струмица!