Цел свет му се смееше, ама испадна дека е во право! (ВИДЕО)

1054

Вчера на мечот Кристал Палас – Вест Хем се случи навистина бизарна ситуација. Имено домашните се подготвуваа да изведат слободен удар, топката беше наместена и сите го очекуваа потегот на двајцата домашни фудбалери кои беа покрај топката.

И кога судијата даде знак, од гостискиот жив ѕид излета Пакета, истрча до шокираните домашни играчи кои се спремаа да изведат слободен удар и да исфрли топката.

По оваа бизарна ситуација му се смееше цел фудбалски свет, но на крајот испадна дека Бразилецот бил во право. Само тој забележал дека едниот од двајцата домашни играчи веќе имал контакт со топката и таа веќе била во игра.

Ова дури ни судијата не го видел.

Претходно“Бум“: Лука Дончиќ во ЛА Лејкерси?! Ама…
СледноШокантно: Натпревар од Ла Лига заврши без удар кон противничкиот гол! (ФОТО)