Челзи ги потона „волците“, три гола на Мадуеке, три асистенции на Палмер

153

Екипата на Челзи ја забележа првата победа под раководство на Енцо Мареска, а трите бода ги освоија на гостувањето кај Вулверхемптон во 2.коло од Премиер лигата. „Сините“ славеа со 2:6 на крајот иако на полувреме беше изедначено 2:2.

Поведе Челзи со гол на Никлас Џексон по 98 секунди кој е најбрзиот премиерлигашки гол на „сините“ по септември 2017 година.
Следуваше кикс на дефанзивците на Челзи, по кој Куња го изедначи резултатот. Во 45 минута Кол Палмер со прекрасен лоб донесе предност на лондончани. Сепак, тоа не беше крај по првиот дел затоа што Ларсен се најде на вистинското место да ја протне топката во голот на гостите (2:2).

Во вториот дел заблескаа Палмер и Мадуеке. Во период од 49 до 63 минута Палмер три пати му асистираше на Мадуеке за три гола. Но тоа не беше се. Следуваше гол за Вулверхемптон, кој го постигна Лемина но беше поништен поради офсајд.
Точка стави повратникот во екипата, Жоао Феликс со голот во 80 минута.

На „Виталити“ стадионот Борнмут и Њукасл одиграа 1:1. Поведоа домашните со гол на Таверние во 37 минута, а изедначи Гордон во 77 минута.
Од 17:30 часот играат Ливерпул и Брентфорд.

ПретходноПолувреме: Шкупи со водство на Чаир, мајсторијата на Гандо на Арена, води и Гостивар!(ВИДЕО)
Следно„Баварците“ добро се испотија за трите бода во Волфсбург