Англиските медиуми најавуваат можна трансфер бомба во наредните денови. Наводно Челзи тргнува по потписот на Џејдон Санчо.
За потписот на англискиот репрезентативец Челзи би можел да понуди дури двајца играчи, а тоа се Рахим Стерлинг и Бен Чилвел. Откако Енцо Мареска ја превзеде екипата на „сините“ направи голем број на трансфери и промени во составот. Тој изјави дека оваа сезона нема да смета на Рахим Стерлинг и дека Бен Чилвел не е во неговите планови. Манчестер Јунајтед би ја прифатил оваа понуда поради нивната потреба за стабилен крилен фудбалер, но и за лев бек кој ќе може да го заменува Лук Шо. Интерес за потпис на Санчо има и Јувентус, но првата понуда за англичанецот од „старата дама“ е одбиена. Санчо исто така има голема желба да си замине од Јунајтед и Челзи би можел да биде добра средина за развиток на фудбалерот.