Ингебригтсен го подобри светскиот рекорд на 3000 метри

120

Олимпискиот шампион на 5000 метри од Париз 2024 и четврти на трката на 1500 метри, Јакуб Ингебригтсен го подобри светскиот рекорд на 3000 метри на Дијамантската лига во Хожов (Полска). Норвежанецот триумфираше со време од 7:17.55 минути и со тоа го прати во историјата постигнувањето на Кениецот Даниел Комен од 7:20.67 минути поставено во Риети на 1 септември 1996 година.
Инаку до пред оваа трка најдоброто постигнување на Норвежанецот на оваа трка беше 7:23.63 од 2023 година со кое го заземаше третото место на вечната ранг листа.
Бериху Арегави постави нов рекорд на Етиопија и го подобро своето најдобро време од 7:21.28 минути заземајќи ја втората позиција. Трет заврши неговиот сонародник Јомиф Кеџелча со 7::28.44 минути.

 

ПретходноОсвојувач на медал од ОИ во Токио суспендиран на четири години
СледноПМФЛ: Шкупи ја доби “Битката за Скопје“, Работнички го урна шампионот, историја за Беса, Пелистер и Гостивар со победи! (ВИДЕО)