Завршија првите полувремиња од петте попладневни средби во рамките на 3.коло во ПМФЛ. На мега – дербито на Чаир, домашниот Шкупи со голот на Гуџуфи има водство од 1:0 против Вардар. Голема битка на теренот, жестоко е, но домашните беа подобри.
Работнички не се шегува и води со 2:0 против Струга ТЛ. Прво Гандо од далечина го совлада Дујмовиќ, за да Аломеровиќ од слободен удар го удвои водството. Голманот на Струга ТЛ не се прослави и во двата случаи.
Со голот на Машике, Гостивар води кај Воска со 0:1. На останатите мечеви, Пелистер – Силекс и Беса – Тиквеш засега нема голови.