Женскиот одбојкарски прволигаш Младост УДГ прв ги објави најновите засилувања за тимот за следната сезона. Денеска штипскиот состав се пофали и со првото интернационално засилување за претстојната сезона, кое доаѓа од Грузија.
Станува збор за Тинатин Жгенти, која настапува на позицијата примач и во Штип доаѓа од германскиот состав Фрезин. Станува збор за репрезентативка на Грузија и во младинска и во сениорска конкуренција која има 22 години и за која доаѓањето во Македонија ќе и биде второ интернационално искуство.
Покрај Грузијката Жгенти, Младост УДГ ги официјализираше и Даниела Велинска и Кристина Лазаровска. Штипскиот тим очигледно со сериозни амбиции ја очекува новата сезона во Првата лига за жени каде конкуренцијата повтрорно ќе биде исклучително израмнета.