Барселона, сепак, нема пари ни за Киеза

207

И покрај гласините дека договорот е скоро готов, денешна „Марка“ пишува дека Барселона нема да успее да го доведе Федерико Киеза во текот на овој преоден рок.

Весникот пишува дека каталонскиот клуб ја истражувал можноста да го ангажира крилниот напаѓач на Јувентус пред затворањето на преодниот рок, но во моментов оваа опција е отфрлена поради повеќе причини. Главната е финансискиот фер-плеј.

Блауграна не може да ги исчисти платите доволно за да купи нови играчи. За трансферот на Киеза, Каталонците би требало да платат околу 12 милиони евра, без платата на играчот. Барса не може да си дозволи такви трошоци.

ПретходноНеверојатните бројки на Мохамед Салах на „Енфилд“!
СледноШтипјанки донесоа три нови одбојкарки, една е репрезентативка на Грузија