Ерен Алиевски од Трелеборг добива повик за Холандија и Гибралтар

2481

Македонската репрезентација до 21. година добива нов лев бек. Се работи за дефанзивецот на Трелеборг од Шведска, Ерен Алиевски кој има во моментов 19. години. Тоа значи дека Алиевски ќе биде дел од новата генерација која што ќе настрапува и следниот квалификациски циклус. Очигледно дека селекторот Канатларовски е решен веќе во овој квалификациски прозорец прозорец, кога играме против Холандија на 5. односно Гибралтар на 9. септември да направи неколку рокади во составот и да стартува што се вели со подмладување.

Спортспорт доднава дека конечниот состав на У21 репрезентацијата за мечевите против Холандија на гости односно Гибралтар дома ќе биде објавен најдоцна утре.
Што се однесува до Алиевски тој е 2004 годиште и целата своја кариера ја има минато во Трелеборг. Засега нема репрезентативен настап за Шведска.

ПретходноСакале да го пратат синот на Роналдињо на позајмица, но зделката пропаднала поради правило на ФИФА
СледноГатузо: Тренерот не може ништо да направи ако играчот погреши