Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага ќе оди на позајмица, а ќе остане во Англија и ќе брани за Борнмут до крајот на сезоната. Челзи во него гледаше стабилност во одбраната, а тој потрфли, па минатата сезона ја помина на позајмица во Реал Мадрид каде што и покрај повредата на Куртоа тој не бранеше туку на голот застана Лунин.
Сега Челзи го праќа на нова позајмица во Борнмут каде што очекува поголема минутажа.