Модриќ “полуде“ поради мрзеливоста на Мбапе и Винисиус!

1197

Иако Реал Мадрид вчера во рамките на 2.коло во Ла Лига успеа да победи со 3:0 против Ваљадолид, сепак не беше баш така лесно за “крачевите“. Очигледно е дека, барем засега, нешто не штима во тимот на Карло Анчелоти.

За ова “Марка“ прави детална анализа, но и се осврнува на нервозата на Лука Модриќ за време на мечот кога тој влезе во последните дваесетина минути.

Имено Хрватот не бил толку лут зошто не бил стартер и покрај фактот дека Белингем го нема поради повреда, туку на однесувањето на првите ѕвезди Килијан Мбапе и Винисиус.

Имено тој “полудел“ и на двајцата во еден момент кога гостите тргнале во напад а Мбапе и Винисиус не се вратиле доволно да помогнат во фаза на одбрана. И двајцата биле мрзеливи како што вели анализата на “Марка“.

Дефинитивно Дон Карло ќе си има проблеми…

ПретходноПромоција: Рајо Ваљекано се пофали со Хамес Родригез!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)