Наполи прифатил понуда од Ал Ахли, но Осимен рекол „НЕ“

254

„Скај спорт Италија“ тврди дека Ал Ахли од Саудиска Арабија му понудил на Наполи 70 милиони евра за напаѓачот Виктор Осимен кои ги прифатил, меѓутоа фудбалерот одбил да се пресели на Блискиот Исток.
Напаѓачот во декември минатата година потпиша нов договор со Наполи меѓутоа сака да си оди ова лето, сепак, никој не сака да ја плати откупната клаузула од 130 милиони евра.
Осимен чека реакција од ПСЖ, Арсенал или Челзи и покрај тоа што Саудијците му нудат висока плата и со тоа наговести дека сака да остане во Европа.

ПретходноКомо го претстави 18-тиот нов играч – дојде од Реал Мадрид
СледноДибала објасни зошто ги одбил Арапите