Почина легендарниот Свен Горан Ериксон!

660

На 76 години почина легендарниот тренер Свен Горан Ериксон. Едноставно не успеа да ја победи тешката болест против која извесно време се бореше. Ериксон пред неколку дена со специјална објава се прости од сите што го знаеја и почитуваа.

А беше ГОСПОДИН и тоа со големи букви.

Фудбалскиот свет тагува, си замина еден од најдобрите тренери во последните три децении, си замина човекот кој беше поим за тоа како треба да се работи.

Неговата тренерска кариера беше долга и успешна. Покрај клубови од својата Шведска беше стратег и на Бенфика, Ромам, Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити, селектор на Англија, Лестер, работеше и во Кина.

Почина човекот кој остави голема трага во светот на фудбалот.

ПретходноЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк
СледноКепа останува во Премиер лигата, а ќе брани за друг клуб