Хамес Родригез, пред неколку години беше еден од најдобрите фудбалери во светот, некогашен член на Реал Мадрид и Баерн Минхен, и официјално се врати во Ла Лига, и тоа во Рајо Ваљекано.
Најавите се остварија, офанзивниот играч за врска, капитенот на селекција на Колумбија, од денеска и официјално е член на некогашниот клуб на нашиот Столе Димитриевски.
Тој пристигнува бесплатно во тимот од предградието на Мадрид и со ова раководството на клубот им го честита на своите фанови роденденот на Рајо – 100 години од основањето на клубот.
Само да се потсетиме, пред десет години во таа 2014 година тој беше “бомбата“ на преодниот рок кога потпиша за Реал Мадрид.