Сакале да го пратат синот на Роналдињо на позајмица, но зделката пропаднала поради правило на ФИФА

3545

Синот на Роналдињо, Жоао Мендес ја напушти Барселона и ова лето отиде во Барнли како слободен играч. Англискиот клуб сакал прво да го стави во младинскиот погон за да се адаптира на англискиот фудбал но тоа Мендес не го сакал.
Бидејќи Барнли не можел да му гарантира првотимски статус во Чемпионшип, сакал да го испрати на позајмица во Данди Јунајтед во шкотската Премиер лига.

Двата клуба се договориле, сепак, до трансфер нема да дојде поради правило на ФИФА. Клуб има право да испрати само шест фудбалери на позајмица надвор од границите на својата држава во текот на една сезона. Иако Англија и Шкотска се дел од Обединетото Кралство, сепак, договорите помеѓу клубовите на тие две земји се сметаат за интернационални. Вест Хем ја исполнил квотата и не може да позајмува други играчи.

Тоа значи дека Барнли доколку сака да го позајми 19-годишниот фудбалер ќе мора да го направи тоа во некој клуб од Англија. Во друг случај ќе мора да остане и да игра за резервниот тим У23.

ПретходноДибала објасни зошто ги одбил Арапите
СледноЕрен Алиевски од Трелеборг добива повик за Холандија и Гибралтар