Свен Горан Ериксон му беше тренер и на Карло Анчелоти…

370

Свен Горан Ериксон почина денеска на 76 години. Тешката болест победи, Швеѓанецот колку и да беше храбар сепак не можеше да се носи со нешто што е посилно од тебе.

Во текот на денот не престануваат пораките и простувањето од својот “Мистер“ од сите оние клубови и репрезентации кои тој ги водеше, од играчите на кои им беше тренер.

Инаку знаете дека Ериксон од 1984 до 1987 година му беше тренер на Карло Анчелоти и тоа во Рома.

Покрај Дон Карло еве на кого се тој му беше тренер:

Тоњино Серезо, Бруно Конти, Фалкао, Збигњев Боњек, Роберто Баџо, Дунга, Џанлука Паљука, Владимир Југовиќ, Среќко Катанец, Роберто Манчини, Руд Гулит, Синиша Михајловиќ, Кларенс Сидорф, Хуан Себастијан Верон, Алесандро Неста, Павел Недвед, Ален Бокшиќ, Марсело Салас, Дејан Станковиќ, Кристијан Виери, Диего Симене, Хернан Креспо, Рио Фердинанд, Сол Кемпбел, Ешли Кол, Дејвид Бекам, Мајл Овен, Френк Лампард, Стивен Џерард, Вејн Руни, Џон Тери…

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)
СледноШкендија сега е лидер а тренерот Беќири вели: “Нема потреба од еуфорија“!