ТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Гандо “распали“ по шампионот

269

Работнички со 2:0 успеа да го победи шампионот, составот на Струга ТЛ и тоа со два прекрасни гола, посебно преубав беше оној на Гандо Биала, кој просто ја “скина“ мрежата на Дујмовиќ. И за голот, но и за она што го прикажа во текот на целиот меч Гандо е играч на 3.коло. Покрај него од Работнички во идеалниот тим е и Аломеровиќ кој исто така со супер гол зголеми на 2:0.

Од Шкупи тука се Гуџуфи и Гуе, потоа во тимот се и Љатифи и Д. Силјановски (Беса), Цаке и Адеми (Шкендија), Машике (Гостивар), Ивановски и Ристевски (Пелистер).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАРСЕЛИН ГАНДО БИАЛА

Тим: Работнички

Роден: 27.02.1997 во Камерун

Кариера: Униспорт, Лес Астрес, Њу Старс, Апејес, Левадиа, Енозис, Петроџет, Работнички.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Струмичани го сакаат фудбалот!
СледноПромоција: Рајо Ваљекано се пофали со Хамес Родригез!