Томас Милер е апсолутен рекордер кај Баерн

153

Поранешниот германски репрезентативец Томас Милер постави клупски рекорд со најмногу натпревари за Баерн Минхен во Бундес лигата. 34-годишниот напаѓач го одигра својот 474 меч за „баварците“ во победата над Волфсбург со 3:2.
Тој влезе во игра при резултат 2:2, а на крајот неговиот тим победи.

Со тоа Милер го помина легендарниот голман Сеп Маер кој остана на 473 натпревари.
Во тие 474 натпревари, Милер има 149 голови и 207 асистенции.
Севкупно гледано Милер има 709 натпревари за Баерн во сите натпреварувања исто колку и Сеп Маер што значи дека на следниот меч ќе го собори и тој рекорд.

ПретходноМиовски дебитираше за Џирона со пораз кај Атлетико М.
СледноЈувентус го објави трансферот на Нико Гонзалез од Фиорентина