ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)

144

Во неколку наврати сме истакнувале, ама сега и дефинитивно може да се заклучи дека Работнички на клупата има одличен стратег. Иако се чини дека по имиња тимот е послаб од лани, велиме по имиња, сепак Станиќ прави чуда во овие први три кола. Совладан беше Силекс, потоа Шкендија се “извади“ среде Тетово за да вчера Работнички го победи шампионот, тимот на Струга ТЛ со 2:0.

Се гледа од авион дека во тимот на Работнички пресудна улога има тренерската рака на Станиќ.

Тактички зрело и мудро, знае да ги покрие слабите страни а да ги исфорсира добрите страни на својот тим, не се плаши кога треба да нападне, но и кога треба, одлично се брани.

Затоа Горан Станиќ е тренер на 3.коло во ПМФЛ.

ПретходноМодриќ “полуде“ поради мрзеливоста на Мбапе и Винисиус!
СледноСвен Горан Ериксон му беше тренер и на Карло Анчелоти…