ФОТО НА КОЛОТО: Струмичани го сакаат фудбалот!

734

Уште еднаш се покажа дека кога се игра натпреварот од 20 часот под светлоста на рефлекторите, тогаш ќе имаш поголема посета на трибините, посебно сега кога владеат пеколни температури. По првиот меч со Вардар на стартот од сезоната, Брера и вчера одигра дома во вечерен термин и тоа со Шкендија. Иако домашниот тим беше надигран и доживеа пораз од 0:2, сепак убаво беше на стадионот “Благој Истатов“в во Струмица. Имаше убава атмосфера, а една од трибините речиси да беше исполнета.

Нема што, убава глетка која е реткост на нашите стадиони, а се покажа дека струмичани го сакаат фудбалот.

Секоја чест!

ПретходноКепа останува во Премиер лигата, а ќе брани за друг клуб
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 3.КОЛО: Гандо “распали“ по шампионот