Штипјанки донесоа три нови одбојкарки, една е репрезентативка на Грузија

656

Женскиот одбојкарски прволигаш Младост УДГ прв ги објави најновите засилувања за тимот за следната сезона. Денеска штипскиот состав се пофали и со првото интернационално засилување за претстојната сезона, кое доаѓа од Грузија.

Станува збор за Тинатин Жгенти, која настапува на позицијата примач и во Штип доаѓа од германскиот состав Фрезин. Станува збор за репрезентативка на Грузија и во младинска и во сениорска конкуренција која има 22 години и за која доаѓањето во Македонија ќе и биде второ интернационално искуство.

Покрај Грузијката Жгенти, Младост УДГ ги официјализираше и Даниела Велинска и Кристина Лазаровска. Штипскиот тим очигледно со сериозни амбиции ја очекува новата сезона во Првата лига за жени каде конкуренцијата повтрорно ќе биде исклучително израмнета.

ПретходноБарселона, сепак, нема пари ни за Киеза
СледноНајдобриот асистент од шкотската Премиерлига потпиша за Брајтон