Јувентус го објави трансферот на Нико Гонзалез од Фиорентина

119

По неколку неделни преговори, конечно, Јувентус го донесе крилниот играч Нико Гонзалез од Фиорентина. Аргентинецот оваа сезона ќе ја игра како позајмен, а Јувентус има опција да го откупи договорот.
„Старата дама“ се согласила да плати 8 милиони евра за позајмица на Нико за оваа сезона, а потоа уште 25 милиони на три рати за откуп на договорот плус бонуси во висина до 5 милиони евра.
Гонзалез се договорил за плата од 3,5 милиони евра по сезона. Тој има уште четири години од договорот со Фиорентина.

ПретходноТомас Милер е апсолутен рекордер кај Баерн
СледноКомо го претстави 18-тиот нов играч – дојде од Реал Мадрид