Кепа останува во Премиер лигата, а ќе брани за друг клуб

290

Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага ќе оди на позајмица, а ќе остане во Англија и ќе брани за Борнмут до крајот на сезоната. Челзи во него гледаше стабилност во одбраната, а тој потрфли, па минатата сезона ја помина на позајмица во Реал Мадрид каде што и покрај повредата на Куртоа тој не бранеше туку на голот застана Лунин.
Сега Челзи го праќа на нова позајмица во Борнмут каде што очекува поголема минутажа.

ПретходноПочина легендарниот Свен Горан Ериксон!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Струмичани го сакаат фудбалот!