Анте Ребиќ се врати во Италија и потпиша за Лече

124

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ е нов играч на Лече. По сите перипетии околу неговата иднина, 30-годишниот напаѓач кој летово го раскина договорот со Бешикташ, се врати во Италија.

Иако имаше многу шпекулации за неговата иднина, тој беше поврзуван со Хајдук и германскиот второлигаш Шалке, но на крајот се врати во Серија А.

Пред шест години Ребиќ го освои германскиот куп со Ајнтрахт под водство на тренерот и поранешен хрватски тренер Нико Ковач, а во 2020 година беше италијански шампион со Милан.

Тој одигра 42 натпревари за хрватската репрезентација и беше дел од сребрената генерација на „коцкестите“ на Светското првенство во 2018 година.

ПретходноНовак се израмни со Федерер и лесно обезбеди место во 2. коло на УС Опен
СледноЧелзи „мака мачи“ да се ослободи од 14 фудбалери кои Мареска ги „прецрта“