Кошаркарскиот клуб Гостивар се пофали дека успеал да ангажира ново име во своите редови. Станува збор за Младен Грушановиќ, кошаркар од Србија кој игра на позициите 3 и 4, со што ќе го засили својот ростер во претстојната сцена.
Инаку Грушановиќ кој е висок 200 см и има 27 години, досега во својата кариера играл за екипите на Јагодина, Динамик, Беовук, Вршац, Ловќен Осијек…
Претходно во текот на денот од КК Гостивар известија дека го продолжиле договорот со Максим Митевски.