Поранешниот чилеански репрезентативец Клаудио Браво објави дека се пензионира од професионалниот фудбал на 41 година. Toј две децении е во фудбалот, а кариерата ја почна во еден од најдобрите чилеански клубови Коло Коло, продолжи во Реал Сосиедад, па Барселона, Манчестер Сити и Бетис.
Се вкупно има 22 титули во кариерата, два пати беше шампион на Копа Америка со Чиле.
Интересно, тој ја почнал кариерата како напаѓач, а потоа се префрлил на голманската позиција.
Со Барселона два пати ја освои Ла Лига, еднаш ЛШ, Светското клупско, со Манчестер Сити Премиер лигата и Лига купот.