Ако Шкрињар оди во С. Арабија, ПСЖ ќе го купи дефанзивецот на Бенфика

83

Откако вчера се појави информацијата дека Милан Шкрињар би можел да го напушти Пари Сен Жермен пред затворањето на преодниот рок и да замине во С. Арабија, од францускиот шампион почнаа со итна потрага по негов заменик.

Фабрицио Романо посочува дека ПСЖ е подготвен да даде зелено светло за трансфер на Шкрињар во Ал Наср, но ќе почека прво да ја договори неговата замена која треба да дојде од Португалија.

Станува збор за Томас Араухо од Бенфика (22). Тој е еден од многуте дефанзивци за кои ПСЖ се распрашува летово и кој во моментов е најреална опција за заменик на Словакот. Араухо исто така беше предмет на интерес од Кристал Палас претходно ова лето, но тогаш понудата од 20 милиони евра Бенфика веднаш ја одби.

ПретходноСо Барса освои се што можеше да се освои за само две сезони, сега оди во пензија
СледноШтип УГД со две репрезентативни засилувања, доаѓаат уште двајца странци