Барса го регистрираше Олмо кој може да дебитира уште вечерва против Рајо

84

Тоа што синоќа го објавија угледните шпански весници, денеска доби потврда. Барселона успеа, конечно, да го регистрира Дани Олмо во Примера, по што шпанскиот репрезентативец и официјално ќе ја има можноста да дебитира за новиот тим.

Претходно беше објавено дека Каталонците ќе го остварат правото да вклучат фудбалер во составот кој ќе го замени повредениот дефанзивец  Андреас Кристенсен. Тоа и официјално беше направено денеска, кога Ла Лига на официјалната страна ја потврди регистрацијата на Олмо.

Тоа значи дека 26-годишниот играч за врска би можел да дебитира за Барса уште денеска на гостувањето против Рајо Ваљекано во мечот од 3. коло на Ла Лига.

ПретходноОд понеделник продажба на билети за мечот Македонија – Ерменија
СледноПоради санација на рефлекторите на Арената: Натпреварот Вардар – Воска се игра од 16 часот!