„Бум“: На повидок е најголемиот излезен трансфер во историјата на Баерн Минхен!

1599

Кингсли Коман во Саудиска Арабија и тоа во Ал Ахли и тоа за 120 милиони евра за три години или 40 милиони евра нето по сезона? Коман пред неколку денови не сакаше ни да чуе да си оди од Минхен, иако “баварците“ навиваа тој да си замине, дури го нудеа и на неколку клубови, се споменуваше и Барселона.

Сепак откако дојде понудата од С. Арабија, крилниот напаѓач на Баерн и репрезентацијата на Франција сепак кажал – ДА за тие 40 милиони евра годишно.

Ќе се почека уште некој ден за да се ова се официјализира. И ако ова се случи тогаш тоа ќе биде најголемиот излезен трансфер во историјата на Баерн Минхен зошто германскиот тим како отштета ќе добие неверојатни 65 милиони евра од Ал Ахли.

ПретходноЛиста на стрелци: Фитон Адеми е новиот “бомбардер“ во ПМФЛ!
СледноКК Гостивар се пофали со Младен Грушановиќ!