Италијански тенисер од бизарна причина нема да игра УС Опен

774

Италијанскиот тенисер Марко Бортолоти нема да настапи на УС Опен поради бизарна причина. Искусниот 33-годишен тенисер требаше да се натпреварува во двојки и за првпат да игра на УС Опен, но тоа нема да се случи до крајот на кариерата.
Причината е што на него му е забранет влез во Америка, како што вели, бидејќи во 2015 година играл на турнир во Иран.
„Принуден сум да се повлечам од настапот на УС Опен откако ми беше одбиена виза поради настап на турнир во Иран пред девет години. Конзулатот на САД не прифаќа други итни барања за виза. Ќе го поминам и ова и ќе продолжам понатаму“, изјави Бортолоти.

 

ПретходноЛегендарниот чилеански голман замина во пензија
СледноПрвиот човек на српската кошарка поднесе оставка