Кирјос со порака до Синер: “Кога ќе се сретнеме нема да бидам така љубезен како порано“!

2151

По се она што се случи со допинг – скандалот поврзан со Јаник Синер, еден од најголемите негови критичари е Ник Кирјос, контроверзниот тенисер од Австралија.

Кирјос продолжува со нападите кон Италијанецот, а во меѓувреме испрати и порака до актуелниот бр.1 на АТП листата:

Повеќе мои пријатели беа обвинувани за допинг и беа суспендирани. Немам ништо лично против него, тој е еден од најдобрите тенисери кои ги имаме, но некои работи навистина ми пречат. Тука нема дилеми, ако си позитивен треба да бидеш суспендиран и точка. Искрено кога ќе се сретнеме нема да бидам така љубезен со Јаник како порано“ рече покрај другото Кирјос.

ПретходноНеверојатно: Поради најавениот штрајк на полицијата, откажано е најголемото дерби во Холандија!
СледноМарко Луканоски со трансфер во јуниорскиот тим на Игокеа!