КК Гостивар се пофали со Младен Грушановиќ!

159

Кошаркарскиот клуб Гостивар се пофали дека успеал да ангажира ново име во своите редови. Станува збор за Младен Грушановиќ, кошаркар од Србија кој игра на позициите 3 и 4, со што ќе го засили својот ростер во претстојната сцена.

Инаку Грушановиќ кој е висок 200 см и има 27 години, досега во својата кариера играл за екипите на Јагодина, Динамик, Беовук, Вршац, Ловќен Осијек…

Претходно во текот на денот од КК Гостивар известија дека го продолжиле договорот со Максим Митевски.

Претходно„Бум“: На повидок е најголемиот излезен трансфер во историјата на Баерн Минхен!
СледноНорвешки новинар со провокативно прашање до Ц. Звезда, никој не сакаше да му одговори!