Конечно. Одамна не сме го виделе Кристијано Роналдо да даде гол од слободен удар, но ете вечерва и тоа се случи. Во меч од 2.коло во првенството на С. Арабија, Кристијано за својот Ал Наср во судиското продолжение на првото полувреме на гостувањето успеа да постигне убав гол од слободен удар од околу 18 метри.
Ете, и Роналдо не заборавил да “тресе“ од слободни удари. Тоа беше гол за 0:2, а за првиот Кристијано е „виновен“ зошто беше асистент.
🚨🚨| GOAL: CRISTIANO RONALDO DOUBLES THE LEAD!!!
Al Fayha 0-2 Al Nassr pic.twitter.com/Dk9wIIRyqq
— CentreGoals. (@centregoals) August 27, 2024