Фитон Адеми блеска ли блеска на стартот од новата сезона во ПМФЛ. На три меча постигна четири голови, по два на Беса и на Брера, сите четири на гости, и може да се каже дека е новиот “бомбардер“ во нашата елитна лига. Младиот напаѓач на Шкендија и на нашата млада репрезентација сега добива и тоа како голема минутажа од стратегот Јетон Беќири. Тој и искусниот Бесарт Ибраими сега се прва опција во нападот и за тоа треба да му се честита на Беќири што успеа да ги вкомпонира Фитон и Бесарт на задоволство на сите во Шкендија.
Се разбира ако Фитон, кој сега е водечки на листата на стрелците, продолжи вака да игра и да ги тресе противничките мрежи ќе го натера селекторот на А – репрезентацијата Благоја Милевски да го повика меѓу најдобрите наши фудбалери.
Кога сме на листата на стрелците на второ место со по три гола се Марко Ѓорѓиевски (Силекс) и фантастичниот интернационалец од Турција, Алпер Потук кој игра за Гостивар.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПО 3.КОЛО ВО ПМФЛ
4 – Фитон Адеми (Шкендија)
3 – Марко Ѓорѓиевски (Силекс)
3 – Алпер Потук (Гостивар)
2 – Ел Хаџи Арфанг Гуеје (Шкупи)
2 – Џемал Ибиши (Шкупи)
2 – Ѓорѓе Ивковиќ (Брера)
2 – Абдулхади Јахја (Воска)
2 – Едиз Спахиу (Тиквеш)