Марко Луканоски со трансфер во јуниорскиот тим на Игокеа!

228

Како што денеска информираат од КК Игокеа, нашиот млад и екстра талентиран кошаркар Марко Луканоски е нов член на јуниорскиот тим на овој клуб од БиХ. Тој со Игокеа потпишал повеќегодишен договор.

Станува збор за кошаркар висок 209 см, кој има 18 години и беше дел од М18 репрезантацијата на Македонија на последното ЕП кое се одржа во Скопје.

Луканоски во минатата сезона го носеше дресот на КК Вардар. Во минатото овој кошаркар беше дел од младинските екипи на Партизан (Србија) и Оранж 1 и Басано (Италија).

ПретходноКирјос со порака до Синер: “Кога ќе се сретнеме нема да бидам така љубезен како порано“!
СледноСпарта Прага, Салцбург и Јанг Бојс со пласман во Лигата на Шампионите!