Неверојатно: Поради најавениот штрајк на полицијата, откажано е најголемото дерби во Холандија!

116

Неверојатно. По се изгледа дека ова го има само во Холандија, една од најдемократските земји во Европа и светот.

Имено во недела требаше да се игра најголемото дерби во таа земја и тоа меѓу Феенорд и Ајакс, два некогашни европски шампиони, два тима кои кога играат се “тресе“ фудбалска Холандија, без разлика дали се игра во Ротердам или Амстердам.

Но ова мега – дерби нема да се игра, откажано е и тоа од бизарни причини.

Имено викендов припадниците на полицијата на таа земја најавиле штрајк па така градоначалникот на Ротердам, како што самиот изјави, не дозволува да се игра овој натпревар без присуство на полицијата.

Засега нов датум за одигрување на овој натпревар не е утврден.

ПретходноКонечно: И Роналдо даде гол од слободен удар! (ВИДЕО)
СледноКирјос со порака до Синер: “Кога ќе се сретнеме нема да бидам така љубезен како порано“!