Новак се израмни со Федерер и лесно обезбеди место во 2. коло на УС Опен

495

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ во својот прв официјален натпревар како олимписки шампион го победи Рада Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со 6:2, 6:2, 6:4 и обезбеди пласман во 2. Коло на последниот гдоинешен Грен Слем турнир.

Во рамките на втората рунда, Новак за противник ќе го има својот сонародник Ласло Ѓере.

Победата на Новак Ѓоковиќ во првото коло на УС Опен беше негова 89-та на УС Опен. Со тоа, тој се израмни на второто место со Роџер Федерер (рекордот го држи американската легенда Џими Конорс со 98), но го надмина швајцарскиот ас со уште еден историски детал, Флешинг Медоус. Четирикратниот шампион, кој и оваа година го брани тронот, ја постигна 78-та победа на главниот стадион на УС Опен „Артур Еш“, најголемиот тениски објект во светот, каде што игра од 1997 година.

ПретходноСтатистика: Онана е најлошиот голман кој некогаш бранел за Манчестер Ј.
СледноАнте Ребиќ се врати во Италија и потпиша за Лече