Норвешки новинар со провокативно прашање до Ц. Звезда, никој не сакаше да му одговори!

779

Утре вечер во Белград на “Маракана“ се игра реваншот од плеј – офот во ЛШ меѓу Ц. Звезда и Бодо/Глимт од Норвешка. На првиот меч во Норвешка тимот на Бодо успеа да победи со 2:1, па така “црвено – белите“ со победа од два разлика ќе успеат да се пласираат во претстојната сезона во Лига на Шампионите со што ќе заработат најмалку 30 милиони евра.

Во пресрет на утрешниот реванш, денеска на пресот се случи и мал скандал.

Имено норвешки новинар постави прашање до тренерот на Ц. Звезда, Владан Милојевиќ кое секако дека беше и провокација:

Во останатиот дел на Европа се исфрлени руските спонзори. Што можете вие да кажете на тоа дека носите дрес на кој го има Газпром?“.

На ова Милојевиќ едноставно не сакаше да одговори, а целата работа ја спаси ПР на Ц.Звезда, Татјана Шајковиќ:

Ова е прес за натпреварот. Нема да коментираме“ беше куса Шајковиќ.

ФОТО: Fk Crvena zvezda FB

ПретходноКК Гостивар се пофали со Младен Грушановиќ!
СледноКонечно: И Роналдо даде гол од слободен удар! (ВИДЕО)