Од понеделник продажба на билети за мечот Македонија – Ерменија

170

Во понеделник, 2. септември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот  Македонија – Ерменија (10. септември, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од новото издание на Лига на Нации.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 200 и 400 денари.

1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА  (Национална арена „Тодор Проески“, 10. септември, 20:45 часот)

Цени на билети:

Северна трибина – 400 денари;

Јужна трибина – 400 денари;

Западна трибина – 200 денари;

Источна трибина – 200 денари;

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварот, 10. септември од 10:00 часот.

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

ПретходноУгарте денеска доаѓа во Англија на потпис со Манчестер Ј.
СледноБарса го регистрираше Олмо кој може да дебитира уште вечерва против Рајо