Она што се најавуваше со недели од денеска е и официјално. Микел Мерино (28) денеска е промовиран како нов играч за врска на Арсенал. Тоа значи дека клубот од Лондон во своите редови доби европски првак ако се знае дека Мерино беше член на репрезентацијата на Шпанија на ЕУРО 2024 на кое стана и европски првак.
Тој потпиша четиригодишен договор со клубот од Лондон. По овој официјален трансфер менаџерот Микел Артета и тоа како ќе биде задоволен зошто токму тој инсистираше Мерино да дојде во Лондон.
Инаку Микел Мерино во Арсенал доаѓа од Реал Сосиедад.