Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 1.коло во нашата женска елитна лига со што стартуваше и новата сезона.
Уште на стартот фудбалерките на Каменица Саса покажаа одлична форма и славеа со неверојатни 8:0 против Речица, Димитровска постигна хет – трик.
Тиверија Брера на гости славеше кај АСС Унитед со 1:3, додека Љуботен со 0:3, исто на гости, забележа победа кај Атлеткико.
Скопје со ефектни 4:0 го победи составот на СЦ Истатов.
Додека мечот меѓу Шкендија и Топ Гол не се одигра.
РЕЗУЛТАТИ ОД 1.КОЛО
АСС УНИТЕД – ТИВЕРИЈА БРЕРА 1:3
(Максути 43./Пецева 1., Недева 65., Гоја 68.)
АТЛЕТИКО – ЉУБОТЕН 0:3
(/Бермудез 54., 81, Накова 64.)
СКОПЈЕ – СЦ ИСТАТОВ 4:0
(Шемсовиќ 9., 67., Рабија 54., Ефтинџиоска 87./)
ШКЕНДИЈА – ТОЛ ГОЛ (неодиграно)
КАМЕНИЦА САСА – РЕЧИЦА 8:0
(Петровска 1, Андонова 2., Велкова 12., 80., Димитровска 36., 68. 74., Шопска 82.)