41-годишниот чилеански голман Клаудио Браво преку видео објавено на социјалните мрежи објави крај на фудбалската кариера, објави Франс прес.
Браво, кој има 150 натпревари за Чиле, дебитираше за локалниот тим Коло Коло во 2003 година, со кој освои две првенствени титули. Тој се пресели во Шпанија во 2006 година, каде што го помина најголемиот дел од својата кариера играјќи за Реал Сосиедад, Барселона и Бетис Севиља, неговиот последен клуб.
Со Барселона освои се за две сезони, вклучувајќи ја и тројната круна во 2015 година – Лигата на шампионите, титулата и Купот на кралот. Со тимот на Каталонците оствари 8 последователни натпревари со чиста мрежа – 755 минути, рекорд кој досега не е подобрен.
Жестоката конкуренција со Германецот Марк-Андре тер Штеген го натера да ги спакува куферите и да се пресели во Манчестер Сити на Пеп Гвардиола во 2016 година, со кој освои уште 8 трофеи, вклучувајќи ги и првите две титули во Англија.
Браво беше капитен и клучен играч на „златната генерација“ на репрезентацијата на Чиле, која ја освои Копа Америка во 2015 и 2016 година, единствените титули во историјата на земјата. За време на последното издание на Копа Америка во САД летово, на натпреварот против Перу, Клаудио Браво со 41 година и 77 дена стана најстариот играч на турнирот кој датира од 1916 година, со што го подобри постигнувањето на боливискиот голман Карлос Труко од 1977 година – 39 години и 322 дена.
MUCHAS GRACIAS! @ColoColo @RealSociedad @FCBarcelona_es @ManCity @RealBetis @LaRoja 🫡 pic.twitter.com/xgUDK8zVz8
— Claudio Bravo Muñoz (@C1audioBravo) August 27, 2024