Угарте денеска доаѓа во Англија на потпис со Манчестер Ј.

129

Уругвајскиот репрезентативец Мануел Угарте, според угледните британски медиуми, е новото засилување на Манчестер Јунајтед, откако бил постигнат договор за обештетување со неговиот претходен клуб Пари Сен Жермен.

Угарте ќе се пресели на Олд Трафорд за обештетување од 50 милиони евра со можност за дополнителни 10 милиони евра, доколку се исполнат одредени услови. Се очекува 23-годишниот уругвајски репрезентативец денеска да пристигне во Велика Британија за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Јунајтед.

Дефанзивниот играч за врска кариерата ја започна во уругвајскиот Феникс, а потоа настапуваше за португалските клубови Фамаликао и Спортинг Лисабон, од кои во 2023 година се пресели во ПСЖ. За клубот од „Паркот на принцовите“ одигра 37 натпревари и ја освои титулата шампион на Франција, Купот и Суперкупот.

ПретходноШтип УГД со две репрезентативни засилувања, доаѓаат уште двајца странци
СледноОд понеделник продажба на билети за мечот Македонија – Ерменија