Европската фудбалска куќа (УЕФА) објави дека ќе му додели посебно признание на Кристијано Роналдо за богатото наследство кое го остави во текот на своите настапи во Лигата на шампионите.
На Португалецот ова признание ќе му го врачи претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во четврток за време на ждрепката за новата сезона во ЛШ во Монако.
Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 140 голови, седум сезони завршуваше како најдобар стрелец на ова натпреварување, а во сезоната 2013/14 постигна 17 голови што е најдобар ефект во една сезона. Пет пати го освои трофејот, еднаш со Манчестер Јунајтед и пет пати со Реал од Мадрид.