Челзи „мака мачи“ да се ослободи од 14 фудбалери кои Мареска ги „прецрта“

294

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска најверојатно го затвори списокот од дваесетина фудбалери со кои сака да работи и да игра во текот на новата сезона, па сите останати ќе мора да си заминат. Според пишувањата на англиски „ТокСпорт“, Челзи има дури 50 играчи под договор, а Мареска процени дека 14 од нив можат да си одат уште денеска.

На листата на тотално непожелни на „Стемфорд Бриџ“ се: Ромелу Лукаку, Кепа Аризабалага, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Тревох Чалобах, Ѓорѓе Петровиќ, Карни Чуквуемека, Дејвид Датро Фофана, Армандо Броја, Анџело Габриел, Дејвид Вашингтон, Алекс Матос, Харви Вејл и Лукас Бергстром.

За некои од овие фудбалери менаџментот успеа да обезбеди трансфери. На пример, Лукаку ќе замине во Наполи, голманот Кепа ќе заврши на позајмица во англиски Бурнмаут, а ветераните Бен Чилвел и Рахим Стерлинг би можеле да завршат во Манчестер Јунајтед.

Стоперот Тревох Чалоба и напаѓачот Армандо Броја најверојатно ќе му се приклучат на Ипсвич. За останатите, засега, се уште не се знае каде ќе ја продолжат кариерата.

ПретходноАнте Ребиќ се врати во Италија и потпиша за Лече
СледноРоналдо: Ќе играм уште две-три години, а потоа комплетно го напуштам фудбалот!