Штип УГД со две репрезентативни засилувања, доаѓаат уште двајца странци

240

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД денеска ги започна подготовките на за новата одбојкарска сезона. Тимот кој очекува и прво европско учество со пријава во Балканскиот куп, полека го комплетира и ростерот за следната сезона со доведување на првите засилувања.

Првите две нови имиња во Штип УГД се двајца македонски репрезентативци кои се на поширокиот список на нашата А-репрезентација. Станува збор за Давид Стојанов кој ќе биде засилување на техничарската позиција, а во Македонија се враќа по неколку сезони минати во странство, од каде последната ја мина во словенечки Фужинар.

Второто репрезентативно засилување е Стојче Арсов, кој доаѓа од Работнички. Арсов игра на позицијата коректор и исто така ќе се обиде со својата игра да се наметне во првиот состав на тренерот Кристиан Ристески.

Покрај овие две договорени засилувања, штипјани во моментов преговараат и со две странски засилувања за поциите среден блокер и примач. Во игра се потписи со по еден интернационалец од Бразил и Белорусија со кои деновиве треба да се финализираат преговорите.

ПретходноАко Шкрињар оди во С. Арабија, ПСЖ ќе го купи дефанзивецот на Бенфика
СледноУгарте денеска доаѓа во Англија на потпис со Манчестер Ј.